Русија ја лансираше втората ракета од новиот космодром, „Сојуз“ однесе 19 сателити во вселената

Русија ја лансираше втората ракета, „Сојуз 2.1б“, која носи 19 сателити, од новиот космодром Восточни, отворен во април 2016 на рускиот далечен исток, чија цел е да ја намали зависноста од казахстанската вселенска база Бајконур.

 

Ракетата чие лансирање беше директно емитувано на телевизија полета, како што беше предвидено, во 14:41 часот по локално време.

 

 

Во вселената ги понесе сателитот „Метеор-М2-1“ кој е дизајниран за собирање информации коишто се користат за временска прогноза. Покрај него, лансирани се и 18 корисни товари кои им припаѓаат на институции или компании од Канада, САД, Јапонија, Германија, Шведска и Норвешка.

 

Но контактот со сателитот бил изгубен само неколку часа по лансирањето.

 

„Во текот на првото планирано поврзување со космичкиот апарат, не бевме во можност да воспоставиме комуникација, што се должи не неговото отсуство во целната орбита. Се врши анализа на ситуацијата“, се наведува во соопштението на Роскосмос.

 

Сателитот требаше да биде важен дел од плановите на Руската вселенска агенција. Метеоролошкиот сателит беше лансиран со надеж за петгодишна мисија за набљудување на времето и климата за руската метеоролошка агенција.

 

Првото лансирање од Васточни (Восточни) беше изведено на 28-ми април 2016 година, кога полета ракетата „Сојуз 2.1а“, во присуство на рускиот претседател Владимир Путин. Тоа претставуваше успех за овој космодром кој многу ја чинеше Русија, но со него се намалуваат трошоците за одржување и изнајмување на легендарната база Бајконур во Казахстан и се одбележи ренесансата на вселенската индустрија. Третото лансирање од овој космодром предвидено е за 22-ри декември 2017 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien