Урнебесна реклама за регрутација на полицијата во Нов Зеланд

Ако досега не сте размислувале околу полициски повик и сите адреналински возбудувања кои ги носи со себе, ова видео можеби ќе ве натера повторно да размислите.

 

Полицијата на Нов Зеланд има потреба од нови полицајци и поради тоа објавува конкурс за регрутација, но на сосема поинаков начин од било која земја до сега. Таа снимила краток „акционен“ филм, кој за само неколку дена стана хит на интернет.

 

„Сакаме Нов Зеланд да биде најбезбедното место во светот, но не можеме да го направиме тоа без ваша помош. Новозеландската полиција бара нови регрути кои прават разлика, на кои им е грижа за другите, за заедницата“, се вели во спотот.

 

Оваа реклама е снимена во стилот на холивудските акциони блокбастери и е прогласена за „најзабавното видео за регрутација досега“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien