Хан: Во ЕУ има сè поголема волја за прием на Западен Балкан

Во ЕУ постои сè повеќе волја да се разгледа членството на земјите од Западен Балкан со што би се гарантирал мирот во регионот, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

 

„Меѓу државите членки на ЕУ постои повеќе желба да се позанимаваат со проширувањето отколку пред една година. Земјите членки сфатија дека мирот може да се осигура на Балканот, а перспективата за членство во ЕУ е клучна за тоа“, истакна Хан за австрискиот весник „Винер цајтунг“.

 

Хан оцени дека Западен Балкан и 20-те милиони луѓе кои живеат во тој регион се многу привлечен пазар за ЕУ и потенцираше дека „нова држава-членка не е товар, тугу богатство“.

 

Воедно, Хан истакна дека не се согласува со идејата „Европа во повеќе брзини“, бидејќи тоа би довело државите-членки да се оддалечат едни од други. Наместо тоа би требало да се вложат напори за послабите држави да зајакнат, а со тоа и цела ЕУ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien