Џафери: Процедурите не се испочитувани

Facebook
Twitter
Email
Print

Во Кривичниот суд на распит и актуелни пратеници, повикани за собраниските настани од 27-ми април. Претседателот на Законоданиот дом, Талат Џафери не ги коментира наредбите на Обвинителството. За имунитетот на народните избраници, посочува дека ќе постапи доколку има барање од судската власт, кое ќе биде препратено до Комисијата за деловнички и мандатно – имунитетни прашања. Според Џафери, не се докрај испочитувани процедурите од страна на институциите.

 

„Пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието. Оваа одредба потоа ја прецизира Деловникот во деловите од членот 53 до 59 во сите аспекти на спроведувањето на таа одлука на Обвинителството. Во тој контекст сметам дека не се докрај испочитувани процедурите од страна на институциите. Доколку има барање до мене од судската власт, јас не можам да бирам дали ќе постапувам или не, јас сум должен барањето да го препратам до надлежната институција“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.

 

Потоа, врз основа на извештајот на Комисијата, претседателот на Собранието свикува седница и одлуката ја носи Законодавниот дом.

 

Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно- имунинетни прашања, Павле Богоевски вели дека седницата би се одржала и без присуство на опозицијата. Објаснува дека владејачкото мнозинство има доволно пратеници за да обезбеди кворум за работа. Богоевски вели дека кога ќе го добие дописот ќе ја закаже седницата.

 

Според прописите, процедуралниот имунитет значи неможност пратеникот да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

 

Извор: МРТ

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи