Барса денес слави 118 години постоење

Денес свој 118 роденден слави великанот на шпанскиот и светскиот фудбал, ФК Барселона. Фудбалскиот клуб Барселона, или популарно Барса е основана на 29 ноевмри 1899 година.

 

Основана е од страна на швајцарски, англиски и каталонски фудбалери, кои биле предводени од Жоан Гампер. Службена химна на Барса е „Cant del Barca“, а нејзини автори се Jaumea Picasa и Josepa Marije Espinasa.

 

Барселона во 2009 година стана првиот клуб во Шпанија кој ја освоил тројната круна, односно Ла Лига, Кралскиот куп и Лига на Шампиони. Истата година Барселона стана и првиот фудбалски клуб во историјата кој ги освоил сите 6 натпреварувања во кои учествувал.

 

Барселона по основањето играла на стадионот Camp de la Industria кој што имал капацитет од 6 000 места. Со развојот на клубот и зголемувањето на бројот на навивачи, на 28 март 1954 година започнува со изградба Камп Ноу, чиј капацитет денес е 99 354 места.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien