Критична маса 42 – Доживејте ги боите на есента #НаТочак

Денес во Прилеп се одржа 42-та по ред Критична маса со мото „Доживејте ги боите на есента #НаТочак“.

 

Целта на оваа Критична маса беше да се укаже на лошата безбедност во сообраќајот во Прилеп, поради добро познатиот принцип на „посилниот добива сè“, при што најранлива категорија се секако велосипедистите. Поради тоа се апелира до градските власти:

 

1. Да преземаат стимулирачки мерки за #АктивенЖивотенСтил во насока на поттикнување на пешачењето, вело-културата и сл. (проширување на пешачки зони, одделени вело патеки, нови зелени површини, паркови со содржини, и др.) и

2. Да преземат ограничувачки мерки со серија на мерки (ограничување на пристап во центарот, регулирање на товар претовар од товарните возила, и др.) кон доминантниот патен превоз низ градските улици.

 

Исто така бидејќи следува ладен период, дечките од ПрилепНаТочак упатуваат совети околу тоа како ефективно да се продолжи со возењето велосипед и во зимски услови, кои може да ги прочитате ТУКА.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien