НАСА ќе лансира нов ровер на Марс во 2020 година

Следната мисија на НАСА на Марс, планирана за 2020 година, ќе вклучува напреден ровер, кој ќе бара знаци на древни микроби кои живееле на ненаселената „Црвена планета“, објави Ројтерс.

 

Наследникот на „Кјуриосити“ веројатно ќе биде лансиран во јули или август 2020 година.

 

Уредот ќе биде опремен со седум нови инструменти. Дизајнот на тркалата ќе биде променет, објавија од Лабораторијата за реактивни мотори при НАСА во Пасадена, Калифорнија.

 

Новиот ровер ќе го проучува теренот над и под површината, собирајќи примероци од почва и карпи.

 

„Она што го рабравме од собраните примероци во рамките на оваа мисија има потенцијал да разјасни дали сме сами во универзумот“, вели Кен Фарли од тимот.

 

Лабораторијата за реактивни мотори, исто така, развива нова технологија за слетување.

 

Благодарение на неа, новиот истражувач на планетата ќе може да посетува места кои се прогласени за премногу ризични за „Кјуриосити“, и да си заштеди километри пат.

 

НАСА има седум успешни мисии за испорака на апарати на површината на Марс и ја користи Меѓународната вселенска станица (МВС) за подготовките за испраќање луѓе на Месечината и Црвената планета.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien