Формула 1 доби ново лого

Челниците на “најбрзиот циркуз” на светот во текот на последниот тркачки викенд за оваа 2017-та година го открија и новиот визуелен идентитет на ова натпреварување.

 

Старото лого, коешто беше употребувано цели 23 години и официјално заминува во историјата, а за новото пак може слободно да кажеме дека е поедноставно и постилизирано од претходното, а ќе стартува веќе од следната сезона за 2018-та година.

 

 

Дизајнот на новото лого е претставено непосредно после церемонијата на прогласувањето на победникот на последната трка во сезоната, одржана во Абу Даби, на којашто триумфираше возачот на тимот на Mercedes, Валтери Ботас, којшто во конечниот пласман за 2017-та година го зазема третото место.

 

 

Дело е на Liberty Media, маркетинг директорот Ели Норман, и рекламната агенција Wieden + Kennedy. 

 

Сепак новото лого наиде и на доста критики, што е очекувано кога фановите се навикнати на старото веќе 23 години, но мора да се каже и дека тие критики се и до некој степен оправдани. Прв кој јавно излезе против новото лого е Формула 1 шампионот за оваа година Луис Хамилтон.

 

„Не сум љубител на новото лого, на новиот дизајн. Претходното лого имаше историја и беше икона, беше бренд, а ова, па не баш. Еве, пример замислете си Ферари да реши да го смени својот дизајн и лого, што мислите што ќе се случи“, изјави Хамилтон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien