Алфа Ромео по 32 години се враќа во Формула 1

Алфа Ромео се враќа во светот на Формула 1. Во наредната сезона влегува во Заубер, каде ќе се комплетира тимот Алфа Ромео Заубер Ф1 тим. Договорот би требало да вклучува стратешка, комерцијална и технолошка соработка, како и во доменот на инженерскиот и технички персонал.

 

До овој договор доаѓа со посредство на првиот човек на Ферари, Серџо Маркјоне, што е во духот на долгогодишната соработка на двата тима.

 

„Овој споразум со Заубер ќе ни овозможи значаен исчекор кон освежување на брендот Алфа Ромео кој се враќа во Формула 1 после повеќе од три децении. Како значајна марка која помиогна да се креира славната историја на овој спорт, Алфа Ромео ќе им се придружи на многу авто гиганти кои учествуваaт во Форmула 1″- вели Маркјоне.

 

Моторот и понатаму ќе биде на Ферари, а се очекува да го вози Чарлс Леклерк, возач кој доаѓа од академијата на Ферари. Вториот возач ќе биде избран помеѓу Антонио Џовинаци и Маркус Ериксон.

 

Алфа Ромео во Формула 1 се враќа по цели 32 години, а последната нивна победа датира од далечната 1978 година и ја оствари Ники Лауда на трката за Големата награда на Италија.

 

Најславните денови во Формула 1, Алфа Ромео ги имаше во 1950 и 1951 година кога Хуан Мануел Фанџо и Џузепе Фарина ги освоија титулите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien