Босанец фатен пред американската амбасада во Сараево со огромен арсенал оружје

Сараевската полиција уапсила босански државјанин кој во близина на американската амбасада во Сараево бил затекнат со огромен арсенал оружје.

 

Весникот „Дневни аваз“ пишува во четврток дека 25 годишниот Емин Хоџиќ, кој се борел на страната на Исламска држава, при рутинска контрола на неговиот автомобил, бил затекнат со автоматско оружје, рачен фрлач, бомби, експлозивна направа, острило за ножеви и два заштитни елеци.

 

Автобуската постојка каде што бил запрен Хоџиќ се наоѓа во близина на американската амбасада. Тој е притворен.

 

Хоџиќ во 2013 година бил во Сирија каде што се борел во редовите на терористичката ИД.

 

Во 2016 година бил осуден на една година затвор заради незаконско придружување на странски паравоени организации. Блага казна му била изречена бидејќи ја признал вината.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien