Германско гратче изградено од 72.000 тони скапоцени камења

Германскиот град Нердлинген, во  Баварија, за првпат се споменува во деветтиот век, и изграден е во кратер на вулкан широк 26 километри. Но, кратерот крие блескава тајна поврзана со изградбата на градот.

 

Жителите на Нердлинген со генерации користеле камен од околината на кратерот за изградба на своите куќи, и притоа забележувале дека камењата имаат одреден сјај.

 

Во 1960-ите години истражување на двајца американски геолози покажало дека кратерот околу Нердлинген не е создаден од вулкан, туку од удар на метеор широк околу еден километар што се случил пред околу 14 милиони години.

 

Експлозијата што ја предизвикал метеорот предизвикала создавање на милијарди микроскопски дијаманти, кои се широки околу 0,2 милиметри и се безмалку невидливи со човечко око. Тие се причината за сјајот на камените куќи и старите цркви во Нердлинген. Се проценува дека вкупната тежина на овие минијатурни дијаманти изнесува 72.000 тони, што би претставувало огромно богатство, доколку би можеле комерцијално да се искористат.

 

“Среќа што дијамантите се многу мали, инаку црквите и останатите згради би биле одамна ограбени”, рекол ѕвонарот Хорст Ленер.

 

Метеорот со дијаметар од еден километар се движел со брзина од 25 километри во секунда. Кога удрил во земјата, направил кратер со ширина од 26 километри.

 

“Моравме да ги измениме сите училишни книги во кои пишува дека сме на вулкански кратер”, вели мештанката Розвитак Фајл.

 

На светот постојат уште градови изградени со материјали настанати по удар на метеор, но никаде нема таква концентрација на дијаманти како во Нердлинген.

 

Кратерот во германскиот град со речиси 20.000 жители е толку специфичен и единствен, што и американските астронаути од мисиите Аполо 14 и Аполо 16 го посетиле градот за да научат повеќе за карпите кои се наоѓаат во вселената.

 

“И ден денес нè посетуваат луѓе од НАСА и Европската вселенска агенција”, рекол доктор Стефан Хелцл, геолог и директор на музејот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien