Пет забранети места во светот

Без разлика на тоа колку пари планирате да потрошите на патувања, овие места не можете да ги посетите  и подобро е ниту да не се обидувате.

 

1. Остров Груинард

 

Британската влада во 1942 година го купила овој шкотски остров за тестирање на биолошки оружја, а посебно антракс. Поради експеримент, антракс го загадил целиот остров и предизвикал смрт на 95 отсто од тамошната популација. До осумдесеттите години од минатиот век овој остров се сметаше за најсмртоносното место на Земјата, а од 1986 година се започна со негово чистење. Иако во 1990 година беше прогласен за безбеден, на Груинард повеќе никој не сака да доаѓа.

 

2. Остров Суртсеј

 

Во водите околу Исланд во 1963 година еруптирал подводен вулкан и за многу кратко време се создал нов остров со површина од 2 километри квадратни. Веднаш го привлекол вниманието на бројни научници од различни земји ширум светот, кои сакале да го истражат настанокот на новиот остров. Од тогаш е забранет за јавноста, а дозвола за посета имаат само научници.

 

3. Островот на змиите – IIha da Queimada Grande

 

Овој остров зафаќа површина од 0.43 километри квадратни. Иако на прв поглед изгледа идилично, во него се кријат околу 4.000 змии. Најотровната од нив е златна змија (bothrops insularis), чиј отров е пет пати посилен од отровот на останатите отровници. Кога каса, речиси веднаш настапува смрт. Токму поради тоа бразилските власти забраниле посета на овој остров на змии.

 

4. Остров Северен Сентинел

 

Северен Сентинел се простира на 72 километри квадрати на Бенгалскиот залив. Тој е еден од Андаманските острови, а во него живее примитивно население кое е во изолација од остатокот од светот. Активно ја бранат својата територија од било какви странци. На пример, во 2014 година, со стрели нападнале хеликоптер на индиската влада кој сакал да и понуди хуманитарна помош после цунами, а убиле и неколку рибари кои им се приближиле. Индиската влада го забранила пристапот до овој остров.

 

5. Големо светилиште  Исе

 

Големото светилиште Исе се наоѓа во Јапонија и е посветено на божицата на сонцето Аматерасу. Во него се наоѓа светилиштето на Иса Јингуа кое е наводно дом на Светото огледало, едно од најсветите места на религијата Шинтоизам. Заградено е со голема висока ограда, а во него смеат да влегуваат само свештеници и припадници на царски семејства, за останатите пристапот е строго забранет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien