Формула 1 за жени?

Една од најпознатите спортски телевизии „ЕСПН“ објави дека од 2019 година можно е Формула 1 да стане и женски спорт, затоа што во план е историски шампионат за жени во најбрзиот автомобилистички циркус.

 

Според најавите на телевизијата, шест трки ќе има за дамите, пет во Европа и еден во САД, а шампионот ќе добие шанса да вози во вистинската Формула 1.

 

Ова е идеја на една копанија во Лондон, која веќе подготвила план во кој женската Формула 1 за три години од дебито би требало да биде вториот највозбудлив шампионат по Формула 1. Веќе еден куп телевизии покажале интерес за потенцијалната женска фе-серија.

 

Инаку ваква идеја имаше и бившиот шеф на Ф1, Берни Еклстон во 2015 година, но тогаш немаше вистинска поддршка за такво нешто.

 

Инаку последната жена во Ф1 беше Сузи Волф, која само тестираше болиди на Вилијамс и ниту еднаш не доби шанса да се трка на гант-пријата во Ф1.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien