Пипо Инзаги: Несторовски е фудбалер за Серија А!

Facebook
Twitter
Email
Print
Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски доби голем комплимент од легендарниот Пипо Инзаги кој играше на истата позиција.

 

Голгетерот кој со огромен успех ги носеше дресовите на Јувентус и Милан, како и на италијанската репрезентација, е воодушевен од Несторовски кој редовно ги тресе мрежите во Серија Б. Интересно, италијанските медиуми Нестор-гол го споредуваа токму со Инзаги.

 

„Буквално се ми се допаѓа кај Палермо. Тие се навистина квалитетен состав и ќе треба добро да се измачиме за да ја најдеме слабата страна во нивниот тим. Првото нешто што ми паѓа на памет е Несторовски, кој е одличен играч. Тој може да игра речиси во сите клубови во Серија А. Лани играше одлично во елитата, а сега на сите натпревари во Серија Б игра фантастично. По Несторовски би го издвоил и Трајковски во нападот, како и Коронадо и Ембало, потоа тука се Јајало, Чочев, Алесами. Навистина имаат фантастичен тим“, изјави Инзаги.

 

Палермо утре на „Ренцо Барбера“ на Сицилија во 18 часот го пречекува тимот на Венеција во натпревар од Серија Б, чиј тренер е токму Инзаги.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи