Вучиќ: Косово нема да влезе во Обединетите Нации без договор со Србија

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека не постои никаква шанса Косово да добие столче во Обединетите Нации, без договор со Србија.

 

Тој кажа дека Косово не може да добие место во ОН во услови на политичка поларизација и постоење на мултиполарен свет. Истакна и дека во договорот Србија мора да добие нешто, а не да не добие ништо и да биде понижена.

 

„А што се однесува до оние кои мислат дека е доволно да ја притиснат Србија и да кажат – вие мора да прифатите сѐ, затоа што тоа е интересот на јужното крило на НАТО, јас ви кажувам дека не ми е гајле чиј интерес е. Тоа не е интересот на Србија“, истакна Вучиќ.

 

Српскиот претседател кажа дека не е претеран оптимист околу решавањето на косовскиот јазол.

 

„Пред сѐ во Приштина нема никаква волја за компромис, но ни кај поголемиот дел од српската јавност. Ние повеќе сакаме да имаме митски проекции на минатото и не сакаме рационален однос кон Србија“, кажа Вучиќ.

 

Тој порача дека ќе даде сѐ од себе за рационално да согледа што сѐ може да се добие, а најмалку да се изгуби.

 

„Ќе дадам сѐ од себе, иако ќе знам дека тоа ми е крајот на политичката кариера“, порача српскиот претседател.

 

Додаде дека во однос на ЕУ, Србија би можела да стане членка во 2023-та година, но не ја исклучува можноста тоа да се случи и една година порано, доколку ги решат односите со Приштина што претставува главен услов за Европската Унија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи