Могерини: Брисел има интерес за членство на Западен Балкан во ЕУ

Facebook
Twitter
Email
Print

Европскта унија е заинтересирана шесте земји од Западен Балкан да станат дел од европското семејство, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

 

„Се разбира прво треба да се спроведат сите неопходни реформи. Во општествата и во работата на политичките институции треба да се извршат сериозни промени. Политичките лидери и граѓаните во регионот се подготевни за тоа“, оцени Могерини во интервјуто.

 

Таа истакна дека ЕУ е заинтересирана шесте земји од Западен Балкан да станат дел од европското семејство, нагласувајќи оти очекува ЕУ да направи напредок во односите со шесте земји до истекот на мандатот на сегашната Европска комисија по две години.

 

„Не сметам дека Европската унија во иднина ќе има 27 земји членки, туку сметам дека нивната бројка ќе биде поголема, изјави Мигерини во интервју за телевизијата Еуроњуз.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи