За прв пат во Македонија – Прилеп домаќин на „Prilep Special show – all around the world“

Во недела Прилеп ќе биде домаќин на првото „Special show – all around the world“ кое го организира секцијата на фризери, бербери и козметичари од нашиот град. Манифестацијата ќе се одржи во ноќниот клуб ВИП со почеток во 16 часот. На настанот ќе учествуваат над 200 гости од цела Македонија кои ќе бидат поделени во 12 групи и секоја од нив ќе има свој специфичен настап.

 

Организаторите на денешната прес конференција искажаа голема благодарност до нивните помагатели и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

 

„Целта на настанот е сплотување фризерите, берберите и козметичарите како и изразување на нашата креативност. Да имаме сложност и пред се забава. На настанот ќе има гости од цела Македонија, ќе бидат околу 200 учесници кои ќе бидат во 12 групи. Една група се состои од 5 бербери, 5 фризери и 5 козметичари, кои ќе настапуваат со фризури и шминка. Настанот е замислен како шоу, нема да има натпреварувачки карактер“, изјави Зоран Бошкоски, дел од организаторите на овој настан.

 

 

Ваков вид на шоу за прв пат се организира во Македонија, а влезот ќе биде бесплатен.

 

„Секоја група ќе ја претставува културата на една држава и нивниот настап ќе биде во тој стил. Нашата група на организатори од Прилеп ќе го претставува Рио Де Жанеиро. Во одредената минутажа на нашето претставување сите ние ќе бидеме облечени во тој стил“, додаде Афродита Илиоска, дел од организаторите на овој настан.

 

Општина Прилеп е логистичка поддршка на оваа манифестација. Градоначалникот Илија Јованоски ќе го отвори овој монденски евент.

 

„И Општина Прилеп и јас како градоначалник ги поддржувам ваквите манифестации што ја поттикнуваат креативноста, придонесуваат за развој на одредени занаети, и го промовираат градот“, вели градоначалникот Јованоски.

 

По завршувањето на шоуто организирана ќе биде забава за сите учесници, водител ќе биде Александар Блажески, а публиката ќе ја забавуваат диџеите Јове и Дејан Ефтинџиоски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи