Мбапе е најмладиот играч со 10 гола во историјата на ЛШ

Facebook
Twitter
Email
Print

Иако ПСЖ не успеа да го победи на гостински терен Баерн Минхен и го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона, сепак фудбалската јавност остана импресионирана од играта која ја покажа младиот Килијан Мбапе, кој за утеха успеа да постави нов рекорд како најмлад фудбалер кој постигнал 10 голови во Лигата на шампионите.

 

Тој до овој ефект дојде на возраст од само 18 години, 11 месеци и 15 дена, а му беа потребни 15 натпревари во дресовите на Монако и ПСЖ за овој учинок. Претходно рекордер во оваа категорија беше напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема (20 години, 10 месеци и два дена). Трет на оваа листа е Аргентинецот Хавиер Савиола, кој, своевремено во дресот на Барселона, 10-от гол во ЛШ (четврти сезонава) на 15 одиграни меча го даде кога имаше 21 година и три месеци. На четвртото место падна Лионел Меси, кој имаше 21 година, три месеци и седум дена при постигнувањето на 10-от погодок во ЛШ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи