Свечена академија по повод 55 години јубилеј на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

Посветете поголемо внимание на македонскиот јазик, правописот и читањето на книги и исто како и досега почитувајте ги вашите наставници и родители. Со оваа порака вечерва градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, се обрати пред присутните на свечена академија која по повод утрешниот патрон празник на ООУ „Климент Охридски“ се одржа во Народниот театар „Војдан Чернодрински“. По повод 55 годишниот јубилеј Општина Прилеп на ООУ „Климент Охридски“ му подари и два комјутери, со средства кои ќе бидат обезбедени од буџетот наменет за развој на образованието.

 

„Сакам пред се да го честитам јубилејот 55 години од основањето на ООУ „Климент Охридски“. Ова е една респектабилна бројка од 55 години, период низ кој поминале генерации и генерации ученици. Сакам да укажам на тоа дека како градоначалник на Општина Прилеп, секогаш ќе го поддржувам образованието, и воспитувањето на децата. Ќе го поддржувам секое подобрување на образовниот систем во нашиот град. Исто така сакам на учениците да им порачам исто како и досега да ги почитуваат своите наставници и родители. Да ги заборават малку своитре мобилни телефони и комјутери и повеќе внимание да посветат на книгата и македонскиот јазик. Во оваа пригода сакам да укажам на тоа дека Општина Прилеп во оваа пригода подарува 2 компјутери на ООУ „Климент Охридски“. Каде ќе бидат распределени овие комјутери ќе одлучат директорот и наставниците на училиштето. Посакувам ова училиште да прославува уште многу вакви јубилеи“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

 

 

Директорот на ООУ „Климент Охридски“,Зоран Сребреноски, истакна дека за вработените и учениците во ООУ „Климент Охридски“ ова било светол и значаен дел бидејќи го славеле патронот на еден од најголемите словенски просветители Климент Охридски и 55 години од постоењето на училиштето.

 

„Овој празник за нас е значаен ден бидејќи не потсетува на големото значење на Климент Охридски, неговото дело, а од друга страна не поттикнува на обврска да посветиме поголемо внимание на образованието и воспитанието на нашите ученици за да можат да постигнуваат уште поголеми резултати и успеси, а ние си земаме за обврска да бидеме вредни наставници кои целосно ќе се посветиме на образованието на младите“, потенцираше Зоран Сребреноски, директор на ООУ „Климент Охридски“.

 

Претходно денеска по повод чествувањата на државниот празник „Климент Охридски“ и патронот на основното училиште делегација од училиштето составена од наставници и ученици како и делегација на Општина Прилеп, предводена од претседателот на Советот, Миле Талески, положија свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто во центарот на градот, а свежо цвеќе беше положено и на Могилата на непобедените.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи