Реформаторите ги здружуваат силите со десничарските фракции во ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
Email
Print

Внатрепартиската иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ почна консултации со сите активисти во ВМРО-ДПМНЕ со цел изградба на обединувачки став за претстојниот вонреден конгрес.

 

„Реформаторите веќе извршија консултации со сите заинтересирани кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Започнати се консултации и со ФРОДЕМ, Форумот на слободоумни патриоти, Судени за Македонија, Унијата на ветерани… „Конечниот став за партискиот Конгрес ќе биде утврден и јавно објавен на 17 декември како заклучок на штабот на Внатрепартиската иницијатива. Најзначајно за нас е тоа што во сите досегашни консултации, сите учесници ги прифатија принципите кои произлегуваат од Декларацијата за демократизација и модернизација и Декларацијата европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија. За време целиот период ние дејствуваме во насока на обединување на сите во ВМРО-ДПМНЕ, со единствена цел – стабилно ВМРО-ДПМНЕ за стабилна Македонија“, соопшти Внатрепартиската иницијатива за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тие соопштија дека оваа окрупнување категорично не во насока на формирање на нова партија, туку засилување и враќање на посетоечката ВМРО-ДПМНЕ на витинскиот пат. За заедничко делување формирано независно тело чиј претседател е Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ. Ова тело заедно со сите приклучени членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе заедничка одлука како ќе настапат на Конгресот кој треба да се случи на 23 деекмври и ќе ја соопшти на 17 декември.Но, сепак Алексовски посочи дека тие нема да дозволат Никола Груевски повторно да направи приватна забава на Конгресот.

 

„Бараме да има демократски избор на кандидати за членови на Конгресот кои на демократски начин ќе бидат избрани од месните и општинските комитети. Само на тој начин членовите ќе ја изразат својата волја, за да не се повтори приказната од претходниот Конгрес, што беше еден вид приватна забава на Никола Груевски, рече Алексовски.

 

Потврдија дека барањата остануваат исти и не отастапуваат од нив.Тие  бараат промена на статутот на партијата, избор на лидер по декомратски пат  и нови органи на партијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи