Кофи: Македонија треба да го искористи позитивниот развој за што поскоро интегрирање во НАТО

Facebook
Twitter
Email
Print

Делегација на АРМ предводена од НГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден оствари посета на фондацијата „Херитиџ“.

 

Притоа делегацијата придружувана од одбранбеното аташе на САД за Република Македонија, полковник Тимоти Бјукен, оствари средба со Лук Кофи, директор на центарот во фондацијата за надворешна политика „Даглас и Сара Алисон“. Теми на разговор биле актуелните безбедносни предизвици во регионот, како и искуствата на АРМ во доменот на меѓународните операции предводени од страна на НАТО

 

Како што информираат од АРМ директорот Кофи истакнал дека Македонија треба да го искористи овој позитивен развој на настаните за што поскоро интегрирање на нашата земја во НАТО за што ја има безрезервната поддршка од фондацијата. Имајќи го предвид влијането на фондацијата „Херитиџ“ кое досега го имала во донесувањето на значајни одлуки кај политичкото водство на САД, искажаниот став во моментот има свое значење.

 

Во седиштето на Амбасадата на РМ во САД од Здружението Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на началникот на ГШ на АРМ му била врачена „Награда на ОМД за заслуги во службата и јавниот сервис“, додека на командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј наградата за заслуги и придонес во партнерството.

 

Обраќајќи се пред присутните, генералот Креј уште еднаш го истакнал значењето на програмата за партнерство и соработката на САД со Македонија, додавајќи дека соработката ќе продолжи да се развива и да биде главниот стожер на заедничкото партнерство и постигнување понатамошни успеси.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи