Македонија против Австрија, Летонија и Косово во Европската лига

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби противниците во групната фаза од Европската-лига. Нашите „спартанци“ во новиот обид да дојдат до посакуваното прво место ќе се борат со Косово, Австрија и Летонија.

 

Спартанците во групата добија еден познат ривал во Австрија, која веќе петпати Македонија ја победи. Пред три години двапати славеше со 3-1, во 2015 година црвено-жолтите триумфираа со 3-0, а во 2016 година на фајнл-форот во полуфиналето славеа со 3-2. Македонија со другите два противници, Летонија и соседно Косово првпат ќе се соочи.

 

Македонија три години во низа го освојува среброто во Европската лига, па сега спартанците ќе имаат нова шанса за да исчекорат конечно кон златото. Распоредот на мечевите дополнително ќе биде одреден.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи