ВИДЕО : Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп jа напуштија денешната седница

Советниците oд редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напуштија седницата на Советот на Oпштина Прилеп, како знак на револт за притворените лица за настаните од 27 април во македонското Собрание. Меѓу притворените е и прилепчанецот Јане Ченто, претседател на македонското патриотско Здружение “Пере Тошев” и правнук на Методија Андонов – Ченто.

 

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” демонстративно ја напуштивме седницата на Советот на општина Прилеп. Ова го правиме како реакција на акцијата на полициската хунта на СДСМ коишто во моментов неправедно ги држат во притвор нашите сограѓани, на коишто единствено злодело им е тоа што си ја сакаат Република Македонија. Денес ова го правиме во името на нашиот другар, во името на нашиот сограѓанин, нашиот пријател Јане Ченто, којшто неправено е задржан во притвор. Денес ние кажуваме стоп на полициската хунта, која што се извршува и на централно ниво, и на локално ниво. Бараме под итно да запре полицискиот прогон на целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и на сите граѓани на коишто единствено дело им е што си ја сакаат Република Македонија”, изјави Ирена Стерјоска Локвенец советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи