Јанева: Ќе ги прошириме истрагите за „Странски служби“ и „Друмарина“

Facebook
Twitter
Email
Print

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска најави дека истрагата за случајот „Странски служби“ ќе биде проширена.

 

„Лично бев изненадена од снимките во медиумите. Секоја изјава е добредојдена“, рече Јанева одговарајќи на новинарско прашање по завршната конференција на проектот „Набљудување судски предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата според новиот Закон за кривичната постапка“.

 

Таа одби да открие дали МВР опремата ја набавило од компанија од Израел, бидејќи станува збор за класифицирана информација.

 

Во случајот „Странски служби“, осомничени се две лица за злоупотреба на службената положба и овластувањето, помошник-министер и началник на оперативна техника на УБК во МВР.

 

Во врска со истрагата „Друмарина“ на Специјалното јавно обвинителство што се води за поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, обвинителката Катица Јанева денеска најави дека истрагата може да се прошири за уште еден пратеник.

 

„Има разговор и за други пратеници. Но, мислам дека Јавното обвинителство на РМ не е спречено да продолжи, а можеби и ќе соработуваме во тој дел. Сметам дека има уште еден разговор за друг пратеник, кој го истражуваме“, рече Јанева.

 

Според истрагата во „Друмарина“, Бонева доставила сметки од патарини за 843 патувања со своето возило, на релација помеѓу местото на живеење во Струмица и Скопје. На овој начин, Бонева прибавила против правна имотна корист во износ од 100.000 евра.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи