Затоа е најдобар: Меси му асистираше на Видал без копачка!

Facebook
Twitter
Email
Print

Меси уште еднаш покажа дека ужива да игра против Реал во Мадрид, а доказ за тоа беа голот и асистенцијата за конечни 0:3.

 

Неверојатниот Аргентинец во овој натпревар постигна погодок, му асистираше на Видал, запиша шест успешни дриблинзи и на своите соиграчи им создаде неверојатни девет големи шанси за погодок.

 

Аргентинецот спаси една топка да излезе во аут, по што повторно беше проигран, па Меси го мина Марсело по десната страна, дојде до гол-аут линијата и го проигра Видал кој постигна гол, а дури при славењето беше приметено дека тој тоа го направил со само една копачка на неговите нозе.

 

Но, дури по погодокот се виде целата генијалност на Меси, кога фотографите го фатија Аргентинецот како го слави погодокот на Видал со само една копачка!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи