Неврохирургот Венко Филипче избран за министер за здравство

Facebook
Twitter
Email
Print

Со 62 глас ЗА, 1 ВОЗДРЖАН и ниту еден против, Собранието денеска го прифати предлогот на Владата, со што докторот Венко Филипче е избран за нов Министер за здравство во Владата.

 

Образложувајќи го предлогот за Филипче да раководи со Здравство, премиерот Заев рече дека министерството подолго време било без министер бидејќи локалните избори го одложиле изборот, откако поранешниот министер Арбен Таравари одлучи да се кандидира за градоначалник на Гостивар.

 

Во свечената изјава пред парламентот Филипче рече дека функцијата министер за здравство ќе ја вршам совесно и одговорно и ќе го почитува Уставот и законите на Република Македонија.

 

Неврохирургот Филипче е советник за здравство на премиерот Заев, а беше советник и на претходниот министер Никола Тодоров, во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Јавноста го памети и како член на Професоркиот контра пленум, за што тој деновиве се правда дека не знаел што потпишува бидејќи специјализант наводно му подметнал на потпише листа во која станува збор за реформи во Медицинскиот факултет. Изборот на Филипче наиде на многу остри реакции во јавноста и меѓу граѓаните на социјалните мрежи.

 

Со 62 гласа „за“ Собранието го изгласа и Аксел Ахмедовски за министер без ресо задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија. Ахмедовски доаѓа на местото на Самка Ибраимовски кој си поднесе оставка и се врати во пратеничките клупи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи