Донација за општата болница во Прилеп од Лајонс клубот

Лајонс клубот денеска за општата болница од Прилеп донираше електронско турнике, апарат кој што се користи при операции на долни и горни екстремитети. Членовите на Лајонс клубот донацијата денеска му ја предадоа на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кој потенцираше дека ова е доста корисна донација за болницата затоа што овој апарат ја скратувал операцијата за половина од потребното време.

 

„Оваа година ја завршуваме во духот на она што во последно време се случува во нашата општина, а тоа се хуманитарните акции, како што се онаа за пречекот на Новогодишната ноќ и хуманитарниот фудбал во мал фудбал „Свети Никола“ кој синоќа ја имаше својата завршница. Денеска добивме донација од Лајонс клубот која што ние понатаму ќе ја подариме на општата болница „Борка Талески“. Оваа акција што ја спроведе Лајонс клубот дава белег за нивната работа, а тоа е помагање на голем број граѓани и институции на различни начини. Им благодариме за оваа помош и посакувам и понатаму да бидат хумани и корисни за општеството исто како и досега“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

 

 

Од Лајонс клубот потенцираа дека и во иднина ќе продолжат со своите хуманитарни акции, која што била основната мисија на нивното постоење.

 

„Сакам да се заблагодарам до нашите пријатели и членови на Лајонс клубот од Чешка кои што помогнаа да го донираме овој апарат на Општина Прилеп. Се надевам дека оваа соработка со локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина, ние ќе помагаме за доброто на сите во нашиот град“, истакна Пеце Петрески, член на Лајонс клубот Прилеп.

 

„Нашиот слоган и мото е да служиме на заедницата и да работиме за доброто на сите“, кажа Снежана Соколоска, претседател на Лајонс клубот Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи