Сите тајни на најстарата пирамида во Египет

Кеопсовата пирамида во Гиза е најпозната пирамида во светот. Сепак најстара е онаа која била изградена пред 4.600 години за фараонот Нетјерикет, познат како Џосер.

 

Единствена форма на Џосеровата пирамида може да се објасни, гледајќи ги градежните објекти кои биле во употреба пред градење на самата пирамида. Во текот на ранодинастискиот период и Старото кралство, за означување на гробниците на елитните членови на општеството користени се правоаголни структури со рамни покриви.

 

Овие градби, изработени од кал и тули или камења, биле познати како мастабас – на арапски „клупа од кал“.

 

Можеби со намера да ги надмине своите претходници, Џосер одлучил да направи шест мастабаси, една на друга, со што поточно изградил скалеста пирамида. Можеби изградбата на скалестата пирамида била одраз на еволуцијата во архитектурата или како олтар со кој би се олеснило издигнувањето на кралот во боженствено царство по неговата смрт.

 

Без разлика на причините за оваа иновација, скалестата пирамида беше архитектонско чудо на тоа време. Со висина од 62 метри, таа донимираше во тогашната средина.

 

Сепак пирамидата е само дел од поголемиот комплекс гробници, кој служел во слава на  култот на фараонот. Целиот комплекс се простира на 15 хектари површина, опкружен со ѕид на светлината Тура од варовник, висок 10,5 метри.

 

Во комплекот води само еден влез, кој се наоѓа на јужната страна и е наткривен со колонади. Столбовите на овој дел се направени од варовник и наликуваат на снопови од стебленца. Во јужниот двор се наоѓаат заоблени  камења кои се верува дека се поврзани со фестивалот СЕД, важен ритуал за подмладување, кој го извршувал само фараонот по 30 години на власт.

 

Влезот на пирамидата се наоѓа на северната страна, веднаш покрај храмот. Овој храм служи за дневни ритуали за мртви и за носење дарови на фараонот за задгробниот живот.

 

Скалестата пирамида е сочувана веќе четири и пол илјади години. Во последните десет години се работи на опсежна реставрација на целиот локалитет за да се врати првобитниот изглед и сјајот на најстарата пирамида. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи