ВИДЕО : Во Прилеп одбележани 75 години од смртта на народниот херој Мирче Ацев

По повод 75 години од смртта на народниот херој Миирче Ацев, делегација составена од учениците и професорите од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп, која денеска го одбележува својот патрон празник, претставници на АРМ и Општина Прилеп денеска положија свежо цвеќе на Могилата на Непобедените, а учениците цвеќе положија и на Алејата на народните херои каде се наоѓа бистата на Мирче Ацев.

 

 

Инаку прилепската гимназија одбележува и 73 години од нејзиното формирање со решение на Президиумот на АСНОМ.

 

„Гимназијата остана најпрепознатливиот училишен бренд во средното образование во Прилеп. Од нејзиините клупи се излезени огромен број на стручњаци од сиите области кои ја претставуваат Македонија како дома така и во странство. Имаме ученици на најпрестижните универзитетии во светот. Се надеваме дека и нарердните генерации ќе тргнат по нивните стапки и се надеваме дека квалитетот кој што го дава ќе продолжи и понатаму“, истакна Диме Настески, директор на гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.

 

Одбележувањето на патрониот празник на гимназиијата започна уште на 25 декември, со спортски игри. На 27 декември имаше поетска вечер во кафе „Арт“, а вечер во народниот театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи и свечена академија.

 

Денеска свежо цвеќе беше положено и на бистата на Мирче Ацев која се наоѓа во дворот на гимназијата.

 

 

Мирче Ацев е еден од најголемите народни херои кои ги дала Македонија за време на НОВ. Бил уапсен од страна на бугарскиот фашистички окупатор заедно со Страшо Пинџур на 19 декември 1942 година. По пет дневно ѕверско физичко измачување, во обласната полициска управа во Скопје и без судски процес, двајцата биле убиени од страна на бугарската полиција на 4 јануари 1943 година. Според записите тие тепани биле фрлени од прозорец на објектот.

 

Во чест на Мирче Ацев, првиот баталјон на Народноослободителната војска на Македонија, формиран на 18 јули 1943 годиина го добива неговото име. Ацев бил член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.