Спектакуларен грабеж во париски „Риц“: Упаднале вооружени со секири и украле накит вреден 4 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Вооружени крадци извршија спектакуларен грабеж во парискиот луксузен хотел „Риц“ и однесоа накит во вредност од над четири милиони евра.

 

Петмина маскирани крадци вчера околу 18:30 часот ги искршиле витрините со накит од различни јувелири во хотелот „Риц“, соопшти полицијата, која во меѓувреме уапси тројца од нив. Двајца извршители сѐ уште се во бегство.

 

„Слушнавме тресок и многу бучава на улицата. Не знаевме што се случува. Ни беше кажано дека се работи за вооружен грабеж“, изјави еден од вработените во хотелот.

 

Полицијата соопшти дека бил ограбен накит во вредност од „повеќе милиони евра“. Агенцијата АФП подоцна, повикувајќи се на информација од кругови на правосудството, јави дека станува збор за плен во вредност од над 4 милиони евра.

 

Еден дел од украдениот накит од златарницата во парискиот хотел „Риц“ подоцна беше пронајден. Еден од напаѓачите фрлил торба со накит и секира, кога неговиот мотор удрил во пешаци за време на бегството. Накитот е пронајден меѓу остатоци од скршен излог за време на ноќното чистење.

 

Хотелот „Риц“ е еден од најпознатите луксузни хотели во Париз. Тој се наоѓа на плоштадот Вандом, каде има и голем број луксузни јувелирници. Бутиците на плоштадот во текот на изминатите години беа постојано цел на напади. По серијата од пет напади за само седум месеци, кои беа особено брутални и ризични, во 2014 година беа зајакнати безбедносните мерки во квартот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи