Апелација: Обвинетите за „крвавиот четврток“ остануваат во притвор

Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на осомничените за тероризам и уставно загрозување, по однос на настаните од 27-ми април. Со тоа Владо Јованоски, Митко Чавков, Игор Дурловски и Богдан Илиевски, меѓу другите, остануваат во притвор.

 

„Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.01.2018 година и 11.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски“, соопштуваат од Апелација.

 

Апелациските треба да донесат одлука и по жалбата на претеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски. Иако денеска од судот побарале од затворот Шутка да го донесат пратеникот на јавна седница, тој одбил. Во негово име пред судиите, укинување на притворот побара неговиот адвокат Александар Новаковки. Тој рече дека апелацииските судии имаат можност да ја исправат неправдата која му била нанесена на Василевски со незаконското одземање на неговиот пратенички имунитет во Собранието. Од друга страна пак вишото обвинителство побара Сашо Василевски да остане во притвор, поради страв од бегство, и можност да влијае на сведоците но и на истрагата која се уште не е завршена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.