СДСМ предлага законски измени за намалување на патните трошоци на пратениците

Facebook
Twitter
Email
Print

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднесе два предлог закони за дефинирање на патните трошоци или престојот на пратениците, информираше денеска на брифинг со новинарите, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

 

Предлогот, како што истакна координаторот на пратеничката група, го опфаќа престојот и превозот на пратениците и други избрани функционери. Како што рече Тунтев, со нивната иницијатива се предлага патните трошоци од 30% од цената на изминат литар бензин, да се намали на 15%. За таа цел, потребно е менување на законот за плати на именувани функционери и законот за пратеници.

 

“Како што ветивме ја поднесуваме оваа иницијатива и сакаме по неа да се развие дискусија, да се вклучи и опозицијата. Решението кое го предлагаме ќе биде со цел да се стави крај на манипулациите и шпекулациите во јавноста. Претседателот Талат Џафери го има предлогот, уште на 1 декември, но досега се нема изјаснето ниту една пратеничка група” рече Тунтев.

 

Наплатата според овој предлог закон би се вршела само со фискална сметка која е платена од личната картичка на пратеникот, за да се отстранат како што објасни Тунтев, сите сомнежи дека пратеникот би можел да носи и фискални сметки кои се од други лица.

 

Јавноста бурно реагираше откако ја дозна сумата на патните трошоци кои ги зеле пратениците само за два до три месеци од почетокот на работата на Собранието годинава. Само за март и април некои од пратениците добиле и по 150 илјади денари (околу 2.400 евра). Реакции за високите патни трошоци имаше и СДСМ кога беше во опозиција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи