Кривична пријава против двајцата насилници од Прилеп кои запалија автомобил

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.В. (26) и Б.Ј. (21) и двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

 

„Имено На 11.01.2018 година во 01.00 часот оштетениот П.Л. со неговиот другар со патничко возило „Пежо 306“ со прилепски регистарски ознаки се паркирале пред продавница на ул. “Марксова“ за да купат јадење. Во еден момент до него се доближило возило „Ауди 3“ со прилепски регистарски ознаки, во кое биле пријавените. Д.В. без никакво предупредување му удрил шамар на оштетениот. Во тој момент, П.Л. му се извинил ако му има направено нешто лошо и им рекол дека не ги познава, но  Д.В. и Б.Ј. се нафрлиле на него и го удриле по грбот и рамото. П.Л. се обидел да им побегне, а пријавените го стасале набргу и почнале да го удираат со тупаници, при што му нанеле тешки телесни повреди. По кратка борба оштетениот успеал да избега, а пријавените зеле  еден клуч за тркала и една пумпа и со тие предмети почнале да го кршат возилото на оштетениот. После тоа, Д.В. го зел возилото на П.Л. „Пежо“ и заминал на автопатот за Битола, каде што со запалива течност го запалил и тоа изгорело целосно. Со извршеното дело Д.В. и Б.Ј. предизвикале материјална штета од 90.000 денари“, велат од МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи