Великов Петков: Бугарија ја поддржува Македонија за влез во ЕУ

Facebook
Twitter
Email
Print

Пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања, бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков, ги презентираше програмата и приоритетите на  бугарското претседателство со Европската унија во првата половина од годината.

 

Тој истакна дека Бугарија ќе ја поддржува Македонија за членството но НАТО и во Европската унија за време на бугарското претседателствување со Советот на Европската унија.

 

„Бугарија ги поддржува напорите на владата, опозицијата и граѓанскиот сектор за постигнување на највисоките национални цели, членство во ЕУ и НАТО и сакаме тоа да се случи за време на нашето претседавање со Европскиот совет. Меѓутоа, за ова да се случи мора да се спроведат тешки реформи. Бугарија ќе работи на унапредување на добрососедските односи меѓу земјите од Западен Балкан, бидејќи постои можност за дестабилизација“, рече бугарскиот амбасадор.

 

Амбасадорото Великов Петков изрази и задоволство што Договорот со за добрососедство со Бугарија денеска е ставен на ратификација во Собранието на Македонија.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, рече дека поважно од ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија е реалноста во подобрување на односите и се надева дека во 2018 година, Македонија ќе го фати возот за влез во ЕУ и во НАТО.

 

На презентацијата на програмата за работа на бугарското претседателство со ЕУ, присуствуваа и амбасадорите на САД, Велика Британија, Холандија, Џес Бејли, Чарлс Гарет, Воутер Пломп, и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи