По голема драма Германија се спаси од пораз од Словенија

Facebook
Twitter
Email
Print

Голема драма на првиот меч од 2.коло во групата Ц се случуваше вечерва во загребска „Арена“ по што Германија се спаси од пораз во дуелот против Словенија.

Словенците во текот на целиот меч го контролираа резултатот, а во првиот дел имаа и шест гола предност за на одмор да заминат со 15:10.

 

Во вториот дел актуелните европски прваци Германците се вратија во игра и успеаја да стигнат до израмнување. Во завршните 30-секунди, откако Германија израмни на 24-24, Словенците изведоа брз „центар“ по што постигнаа и гол за победа 25-24, но на сцена стапија судиите.

 

Германците побараа дополнително прегледување на снимката, по што судиите Пишон и Ревере од Франција, по десетина минуто консултација и прегледување на снимката, се вратија на терен и му доделија црвен картон на Благотиншек што автоматски значеше и седмерец за Германија кој беше реализиран за конечени 25-25.

 

И покрај големите контроверзии, сепак подоцна беше утврдена причината, која ја оправдува последната одлука на судиите. Пикерот на Словенците, Благотиншек, непрописно го блокира ударот од центар на Германија во последните секунди, односно според правилата тој треба да биде најмалку 3 метри оддалечен од центарот од каде што се уфрла топката во игра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи