Стопанството бара поголема комуникација и ажурност од институциите

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата да ја забрза имплементација на иницијативите на бизнисмените, побара денека Стопанската комора.

 

Институциите бавно постапуваат по барањата на бизнисмените, кои ги предлагаат за подобрување на бизнис климата. Иако изминаа неколку месеци откако ги имаат поднесено иницијативите, од надлежните одговор нема. Стопанската комора бара брза реакција.

 

Без брзи административни постапки и професионална администрација не можеме да очекуваме брзо реализирање на нашите иницијативи, истакнува директорката во Стопанска комора, Елена Милевска Штрбевска.

 

„Има реални потреби за подобрување на комуникацијата, не само на највисоко ниво, туку на оперативно ниво (со министерствата и со другите органи на управата), што ќе биде во насока на поттикнување на ефикасноста и ажурноста на јавните и на државните службеници и намалување на административните бариери, бидејќи без брзи и ефикасни административни постапки, без намалување на бирократизацијата и без професионална администрација, не може да одиме напред и да очекуваме брза реализација на нашите иницијативи кои се во интерес на унапредување на деловната клима во државата“, истакна Милевска Штрбевска.

 

Според Комората, постои силна волја од страна на Владата за соработка со бизнис-секторот и партнерството е веќе воспоставено, но сепак е неопходна подобра и поефикасна комуникација.

 

„Без брзи административни постапки и професионална администрација не можеме да очекуваме брзо реализирање на нашите иницијативи“, вели директорката во Стопанска комора.

 

Милевска Штрбевска информира дека од јуни до крајот на 2017 година Комората поднела 19 иницијативи до Владата и ниту една од нив не е одбиена, но реализацијата, потенцира, треба да биде побрза.

 

Во однос, пак, на државната програма за развој на економијата, од Комората чекаат да почне да се применува, па потоа да реагираат, доколку има недостатоци.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи