Протести пред Собранието додека Столтенберг држеше говор пред пратениците

Facebook
Twitter
Email
Print

Под силно полициско обезбедување, претпладнево пред Собранието се одржа протест на кој група на граѓани носеа анти-НАТО транспаренти и го изразија своето незадоволство од постапките на НАТО, во пресрет на обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред пратениците

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера и денес присуствува во Скопје каде се сретна со високи владини и државни претставници, а денес ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Р.Македонија.

 

Меѓу демонстрантите се членови на партијата Левица, како и поранешната пратеничка Солза Грчева. Грчева претходно повика на протест преку Фејсбук со пораката „да кажеме дека имаме едно име – Република Македонија“.

 

 

Протестот е обезбедуван од полициски службеници, чиј број се зголеми откако една бандера од уличното осветлување падна од силниот ветар на улицата пред Собрание.

 

На транспарентите на демонстрантите пишува: „Против војна за профити“, „Во НАТО ниту под уставно име“.

 

Претседателот Ѓорѓи Иванов пак го повика Столтенберг НАТО што побрзо да го отвори патот кон зачленување на НАТО, потенцирајќи ја неприцнипиелноста на меѓународната организација кога станува збор за Македонија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи