Тешка сообраќајка во Прилеп, повредено 20 годишно момче

Вчера околу 03.00 часот на локалниот пат с. Мраморани – с. Дупјачани во Прилеп, се случила сообраќајна незгода во која 21 годишниот Д.П. од Велес управувајќи возило „Сеат Ибица“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од коловозот, по што се превртел.

 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.П. (20) од Велес, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Прилеп, каде е задржан на лекување.

 

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи