Црквата Св. Петка од Прилеп формира детски црковен хор

Организирањето на детски, односно младински црковни хорови е дел од културниот живот во многу земји во светот, првенствено земјите од Европската Унија. Но исто така многу детски хорови се дел од црковните традиции на православните држави како што се Србија, Романија, Грција, Русија итн, велат во соопштението од црквата Света Петка од Прилеп.

 

Во Македонија моментално постоеле неколку детски хорски ансамбли, кои повремено учествува лена црковните богослужби во нивните заедници, додека во, таков сличен хор бил организиран во периодот помеѓу двете светски војни од минатиот 20 век. Токму затоа оваа иницијатива за формирање на прилепски хорски ансамбл составен од нашата младина, добива посебна важност и значење, затоа што со своето делување ќе придонесе за суштинско унапредување на хорската култура и развојот на литургиската музика во Македонија, додаваат од црквата Света Петка.

 

„Членството во еден ваков ансамбл, на младите дечиња ќе им понуди развивање на музичките способности, во кои спаѓаат: музичкиот внатрешен слух, вокалната техника, групното музицирање итн., од една страна, додека од друг аспект хорот нуди структура, работна дисциплина и навика, чувство на одговорност и што е најважно чувство на постигнување и интелектуална надградба. Од духовен аспект, децата ќе имаат можност, со повременото учество на Светите Литургии, да се запознаат и со основните вистини на Православната вера, како и одблиску себеси, т.е. со своето пеење да станат дел од богослужбениот живот на нашата Света Црква. Во тој контекст, запознавајќи се со т.н. источно-црковно пеење, кое всушност е старото македонско пеење, младите членови на детскиот црковен хор на Св.Петка, ќе ја имаат ретката возможност да ги научат благословените музички химни, кои се пеат на Св.Литургија. На претстојната Јавна лекција, по која ќе биде запишувањето на сите заинтересирани кандидати на возраст од 7-15 години, сите присутни граѓани ќе имаат можност да се запознаат со еден тема за музиката, за која малку е истражувано и говорено кај нас, како и во постојното музичко образование на децата во основните и средните училишта во Македонија“, се вели во соопштението на црквата Света Петка.

 

По повод формирањето на хорот во четврток, во црковниот храм, со почеток во 18.30 часот ќе се организира предавање на тема „Музиката како средство за издигнување на човечката душа и како средство за воспитување на младите во светлината на Богојавленската тајна“, кое ќе биде произнесено од протопсалтот м-р Гоце Секулоски, кој во областа на црковното пеење во Македонија делува повеќе од 20 години, не само како црковен псалт и поранешен професор по црковно пеење во Македонската богословија, туку и како црковен композитор на православни духовни химни кои својата примена веќе ја нашле во богослужбената пракса на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи