Светот на само две минути до „нуклеарната полноќ“

Facebook
Twitter
Email
Print

Светот е сега на само две минути до „нуклеарната полноќ“. Метафоричкиот часовник прескокна 30 секунди во 2018 година поради „несовесниот јазик“ од светските лидери, програмата за унапредување на нуклеарното оружје на Северна Кореја, тензиите меѓу САД и Русија, природните катастрофи итн.

Ова е најблиску што часовникот бил до Судниот ден во период од 65 години, во екот на Студената војна.


Но што претставува часовникот на Судниот ден?

Часовникот на Судниот ден бил создаден на почетокот на Студената војна, во 1947 година, за да ја претстави заканата од нуклеарно оружје што има потенцијал да ја уништи цивилизацијата онаква каква што ја знаеме.

Билтенот неодамна почна да ги зема предвид и климатските промени, штетните хемиски или биолошки агенси и новите технологии при утврдување на тоа колку брзо се движи часовникот.

„Ги следиме егзистенцијалните закани направени од човекот. Но факторите што навистина го поместија часовникот отсекогаш беа нуклеарни, уште од самиот почеток“, вели Рејчел Бронсон, претседателка и извршен директор на Билтенот.


Кој одредува колку 
се поместуваат стрелките на часовникот секоја година?

Одборот за наука и безбедност на Билтенот, група составена од 13 меѓународни експерти во области што се фокусираат на климата, нуклеарното оружје и технологијата, се состанува секоја година во ноември за да разговара за состојбата во светот.

„Започнуваме да разгледуваме каде бевме минатата година и за што тогаш бевме загрижени. Потоа доаѓаме до консензус за тоа кои се клучните проблеми“, вели Бронсон.

Дали политиката има улога?



Секако. Билтенот ја следи политиката во текот на целата година, но официјалните претставници велат дека исходот не треба да се толкува како политичка изјава.

„Еднакво го поместуваме и наназад и нанапред и со републиканската и со демократската администрација. Таа критика или обвинение е неосновано“, вели Бронсон.


Зошто часовникот е 30 секунди поблиску до полноќ оваа година?



„Бевме загрижени за реторичкиот јазик поврзан со нуклеарната закана, коментарите засновани на лажни вести и невнимателноста околу прашањата што се толку важни. Поместувањето на часовникот 30 секунди понапред ја пренесе пораката што се обидуваме да ја испратиме: не е добро“, продолжува Бронсон.

Претседателот Трамп беше споменат неколку пати во изјавата на Билтенот, особено за неговите коментари за Северна Кореја.

„Претседателот Доналд Трамп треба да се воздржи од провокативна реторика во врска со Северна Кореја и да ја признае неможноста да ги предвиди реакциите на Северна Кореја“, вели Билтенот.

Панелот на Билтенот додава дека елементарните непогоди во 2017 година придонесоа за движењето на часовникот – поточно, катастрофалните пожари во Америка, ураганите, екстремните бранови на жештина и рекордното намалување на ледената прекривка на Антарктикот.

„Климатските промени се реална и сериозна закана за човештвото“, пишува Билтенот. „Граѓаните треба да инсистираат нивните влади да го признаат тоа и да дејствуваат соодветно“.


Дали може да се забележат какви 
било модели во последниве години?



Часовникот се движи поблиску до полноќ во текот на изминатите 10 години. Првпат започнал да се приближува во почетокот на 2000 година за да сигнализира дека односите помеѓу Америка и Русија се влошуваат.

Од 2015 до 2018 година часовникот падна од 3 минути на 2 минути. Во последниве две години часовникот е поместен двапати по 30 минути.

Како се одредува колку да се помести часовникот?



Не постои специфична формула што се следи. „Станува збор за наша процена“, вели Бронсон.


Зошто постои часовникот на Судниот ден?

Часовникот е создаден за да предизвика разговор и на јавноста да ѝ даде идеја за тоа до каде е светот.

„Луѓето се поангажирани и повеќе ја притискаат јавноста да побара важни прашања од светските лидери. Сега постои повисока свест“, вели Бронсон.

Билтенот дава и препораки за подобрување на планетата, за кои се надеваат дека лидерите и граѓаните ќе ги земат предвид.

„Итно е потребно колективно да изготвиме нешто со кое ќе се врати часовникот во 2019 година“, се вели во соопштението на Билтенот.

 

Извор: Факултети

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи