Законот за јазици заглавен во преводот на амандманите

Facebook
Twitter
Email
Print

Во Собранието на дневен ред е Законот за јазици. Според експертите на Собранието ќе му бидат потребни месеци за да ги разгледа амандманите поднесени од ВМРО ДПМНЕ за Законот за јазици, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик.

 

Повеќе од 33 илјади амандмани кои што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според неофицијални информации, се однесуваат за казните. Партијата поднесе вкупно 35.569 амандмани за Законот за употреба на јазиците, кои што се доставени до Собранието.

 

Амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците „виси“ се додека не се обезбедат технички услови за тоа. Неофицијално проблем е преводот на амандманите, досега биле преведени помалку од 10.000, поради што ќе биде потребно време за да се преведат и останатите амандмани кои што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Правото на опозицијата да поднесува амандмани за Законот за јазици треба да се почитува, но истовремено и обврската дека преку тоа право се блокира работата на Собранието“, порача денеска премиерот Зоран Заев.

 

До третото читање на законот во Парламентот доаѓа откако претседателот на државата Ѓорге Иванов не го потпиша указот за законот и испрати забелешки до Собранието.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи