Сугарески: Преговорите со Синохидро за автопатот Кичево-Охрид се во финална фаза

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата е во финална фаза од преговорите со кинеската фирма Синохридро за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево- Охрид. Се проценува дека ќе бидат договорени дополнителни 36 месеци.

 

 

„Континуирано имаме средби со кинеската компанија со цел да го договориме анекс договорот што се однесува на продолжување на рокот на изградба на автопатот Кичево-Охрид. Мислам дека сме во финална фаза и очекувам во наредните денови да направиме конечен договор, што преку предлог закон ќе оди на одобрување во Собранието“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески одговорајќи на новинарски прашања на одбележувањето на 50 години на Друштвото за патишта, а на кое фокусот беше ставен на Коридорот 8.

 

Министерот информира дека во рамки на Коридорот 8 е предвидена и доизградба на патниот правец до Ќафасан, на границата со Албанија, во финална изработка и почнување изградба е и патот Кичево-Гостивар и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка и патниот правец од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир со Бугарија.

 

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека според проценките ќе бидат потребни околу 36 месеци за доизградба на автопатот Кичево – Охрид.

 

„Наша цел, е вели, да го завршиме и ќе го завршиме, но да се потрудиме сите заедно да ги избегнеме проблемите што не тиштат со изградба на постоечките патишта од Коридорот“, истакна Китанов.

 

Додаде дека за најмногу три до четири години ќе биде завршен Коридорот 8 во делот од Куманово до граничниот премин кон Бугарија.

 

„Завршено е тендерирањето и склучен е договорот со италијанската компанија Терена за делот кон Крива Паланка, а, исто така, е завршено тендерирањето и е во фаза на склучување на договорот со изведувачот што ќе почне да го реализира“, посочи Китанов.

 

Информира дека во еден дел во завршна фаза од овој Коридор е проектирањето и делот од Гостивар до Кичево и сега останува да почне проектирањето за другиот дел од Букојчани до Гостивар.

 

Претседателот на Друштвото на патишта на Македонија, Горан Мијоски, потенцира дека Коридорот 8 е изграден и може да се патува по него без проблеми, но оти треба да се зборува за едно повисоко ниво на услуга што значи експресни патишта и автопатишта, што ќе овозможи побезбеден и поудобен сообраќај.

 

Додаде дека Македонија во моментов има над 300 километри автопатишта и вкупно 14.000 километри различни изградени патишта.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи