Владата во дилема: Клиничкиот центар на постојната или на нова локација во Бардовци

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кој требаше да се ре-изгради во Скопје, сè уште нема локација.

 

Премиерот Зоран Заев истакна дека во игра се две решенија за изградба на новиот клинички центар, односно на постоечка локација, или пак на нова локација надвор од градското подрачје.

 

„Доколку се гради на веќе постоечката локација огромен дел од клиниките остануваат, еден дел ќе имаат внатрешна модернизација, а дел се укинуваат и се носат во самиот нов објект. Со изградбата на овој дел од Клинички центар, генерално, за следните 50 години се организира работата на Клиничкиот центар. Но дел од дилемата е и сообраќајното решение, кое би се решило со изгадба на две катни катни гаражи. Едната од страна на улицата Водњанска, а другата од страна на МВР. И двете ќе понудат околу 3.700 нови паркинг места. Она што треба парламентот да го знае е дека одлуката да градиме на веќе предвидената локација ќе ја чини Македонија 85 милиони евра, плус камата. Парите се обезбедени преку Банката на Советот на Европа, и кредитот од 140 милиони евра е наменети и за изградба на штипската болница“, рече Заев.

 

Заев наговести дека за изградба на новиот комплекс болници на нова локација која не е предвидена со договорот, државата ќе треба да плати пенали во износ од 5,5 милиони евра. За новата локација кажа дека е во Бардовци, блиску до индустриската зона во Визбегово, и оти е погодна поради близината на обиколницата и пристапот на западниот и источниот дел на Македонија, но и лесниот пристап на граѓаните на Скопје.

 

„Но, во постапка, ако се почне од сега и ја избереме втората опција, веројатно во рок од пет години ќе можеме да ставиме камен-темелник. Вредноста на новиот Клинички центар ако се гради на таа локација е помеѓу 450 и 500 милиони евра, а притоа треба да се уништи сè што е постојно во сегашниот Клинички центар откако ќе се изгради нов, за да може државата да го искористи ресурсот на убавата локација за евентуално колективни згради, куќи за домување или слично за да има влезни пари со кои ќе гради од другата страна“, рече македонскиот премиер.

 

Предлогот за нов Клинички центар во Бардовци детално бил презентиран пред Владата.

 

Ако Владата одлучи да оди на новата локација, ќе мора прво да се решат имотно-правните односи заради тоа што има многу приватно земјиште на локацијата во Бардовци, што е под Општина Карпош и Градот Скопје.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien