ВИДЕО – Богатиноски : Бараме Македонците во соседството да ги имаат истите права како малцинствата во Македонија

По 18-ти пат денеска во Прилеп се одржа семакедонско чевствување на кое што учествуваа Македонците од околните балкански држави, а кое се случува по повод 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, во организација на граѓанската асоцијациија „НЕ-ИМА“. В.д. претседателот на „НЕ-ИМА“, Илија Богатиноски, рече дека Гоце Делчев бил земен како еден репер на ова здружение, бидејќи историски гледано е единствена личност за која сите Македонци имаат само позитивни зборови, од никого не можело да се слушне негативен збор за Делчев.

 

Здруженијата на Македонците потпишаа една „Декларација“ за зачувување на историискиот културниот, и јазичниот континуиитет на припадниците на македонскиот народ во Р. Македонија и надвор од нејзините граници и унапредување на правата на македонското малцинство во Албанија, Србија, Грција и Бугарија.

 

 

„Ова е 18 семакедонски собир кој се одржува во Прилеп, под покровителство на граѓанското здружение „Нè има“. Минатата година имавме еден поголем собир каде што донесовме една декларација како платформа за правата на Македонците во Албанија. Во текот на измината година, луѓето кои беа присутни на таа декларација доста работеа, и сега има доста голем напредок на правата на Македонците во Албанија.

 

Значи целта ни е да се соберат Македонци од сите околни држави на Балканот, да кажат за своите проблеми, за своите успеси, да кажат за она што ги мачи и она што ги радува во земјите во кои што живеат и да се најди можност секаде, во сите земји околу Македонија, да се постигне барем она што го имаат другите малцинства во Македонија.

 

Не бараме ништо повеќе од она што го добиваат малцинствата во Македонија, меѓутоа не можиме да прифатиме нешто многу помалку од тоа. Значи целта на ова граѓанско здружение е да послужиме како еден глас, како еден коректор. Ние не сме извршна власт која може да донесе конкретни закони, да се занимава конкретно со правата на малцинствата околу Македонија, но тука сме  да се јавиме како коректор и доколку власта смета дека нешто од овие наши собири може да добие, да постигне, да употреби, ние сме тука и за во иднина да организираме и се надеваме дека нашата работа ќе биде успешна“, вели Богатиноски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи