Колевски се врати во Победа

Левот централен дефанзивец Валентин Колевски по една година се враќа во ФК Победа. 27 годишниот Колевски, кој во есенскиот дел на тековната сезона настапуваше за ФК Новаци, се враќа во клубот каде бележеше забележителни настапи и се очекува да ја засили последната одбранбена формација пред голот на Тофилоски.

„Во сезоната 2015-2016, кога Победа ја освои шампионската титула во Втората лига, имаше најголема минутажа, а претходната 2016-2017, кога црвено-белте дебитираа во Првата лига, настапи на 13 натпревари. Во досегашната кариера Колевски ги бранел боте уште на: 11 Октомври, Локомотива и Напредок“, информираат од ФК Победа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.