ВИДЕО – Петровски : Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово е наместен, Мицковски не е легитимен претседател

На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валанадово немаше кворум, немаше доволно делегати, тој беше направен бољшевички, што значи изборот на претседател е направен незаконски. Ова вчера во Прилеп го истакна Филип Петровски, кој најави дека започнува со организирање на трибини низ цела Македонија со цел како што рече разговарање со граѓаните на сериозни политички теми за кои што тие морале да имаат формирано став и да знаат како понатаму да делуваат.

 

 

„Сега ме прашаа новинарите дали останувам во ВМРО-ДПМНЕ? Да им одговорам на сите, не само што останувам во ВМРО-ДПМНЕ, туку ВМРО-ДПМНЕ е моја и нивна партија и никој нема право тоа да ми го одземе. Целото членство на ВМРО-ДПМНЕ е со мене, 75% од членството е со мене, но тие работат да ве демотивираат, да ве атомизираат и да ве уплашат.  Но вие тоа нема да го дозволите никогаш и ние ќе победиме. Ова е ВМРО-ДПМНЕ! Како може да ме прашаат дали ќе останам во ВМРО-ДПМНЕ? Затоа што не ми се допаѓа Мицкоски ? Затоа што кажувам декам има наместен конгрес? На никој не му посакуваме лошо и сакаме да се сплотиме. И сите заедно да бидеме. Многу поголемо зло имаме од внатрепартиски расправии. Но исто така, не може да се правиме слепи и глуви дека имаше наместен конгрес во Валандово. Јас тоа ќе продолжам да го кажувам, се додека не се организира регуларен конгрес, каде што треба да бидат исполнети многу мали работи. И конресот не е битен, и јас не сум битен ако партијата се отрезни нагло и застани на улица и пред Собрание и пред Шутка и ги одбрани интересите на Македонците. Додека пратениците се внатре, сите ние да бидиме надвор. Но мора да го каже тоа партијата. Јас многу ја сакам партијата и шести пат требаше да бидам делегат. Сум бил и во Кичево, Струмица итн, освен во Битола бидејќи бев скаран со Груевски. Суштината е следна. Како ние како партија, која што не го почитуваме нашето членство и законска регулатива за избор, кога ќе дојдеме на власт како ќе ја водиме државата и почитуваме законите. Па нели треба во партијата внатре да се научиме на почитување на закони. Нели треба ние меѓу нас да бидеме пример како се води држава, како се води партија и како се треба да биде чисто како стакло“, истакна Петровски.

 

Петровски вели дека сега поради оваа негово несогласување сакале да му залепат етикета дека бил човек на СДСМ и Сорос, што не било вистина.

 

„Не може оние кои се опструирани на наместен конгрес, нас да не демотивираат и да ни забрануваат да правиме трибина, да мислиме слободно и да ги браниме македонските национални интереси. Или да не судираат па да ни викаат дека овој е расколник, другиот бил добар, третиот не чинел, овој бил од СДСМ, оној бил удбаш, Филип бил соросоид итн. Јас сум бил соросоид. Тоа ми го пишуваа од штабот. Јас сум бил соросоид. Ако некој му ја извади душата на Сорос, тоа сум јас. Моето видео од пред канцеларијата на ЕУ во живо има преку 400.000 прегледи, со 9.000 лајкови, каде што викам еве сме пред канцеларијата на ЕУ, односно канцеларијата на Сорос. И јас соросоид?“, додаде Петровски.

 

 

Тој на граѓаните им порача дека силата на ВМРО-ДПМНЕ биле тие и никој не смеел да му ја зема душата на ВМРО со примање на претседатели на општински комитети од други партии, со стаж од 3 месеци во партија.

 

„Ќе отидете во државниот архив, ќе го барате томот за Драган Богдановски. Јас знам многу работи, многу сум учел, многу сум читал, со денови не сум излегувал од канцеларија. Вие имате право да го знаете тоа што го знам јас. Ќе ги барате книгите, три тома се за Драган Богдановски во државен архив на РМ. Па ќе прочитате за нашата оперативна позиција од Берлин, со кодно име „Јак“. Сакам една работа да знаете. Не сакам да ги закрвувам луѓето. Не сакам да филозофирам. Сакам кај вас да ја стимулирам интелектуалната љубопитност. Да одите да најдите и да видите зошто некои работи се такви какви што се. Па кога ќе ги изгледате сите тие работи од државен архив, да одите на интернет да ги барате сликите од конгресот во Валандово, па да видите кој седи до Мицкоски. Истиот тој човек. Па потоа да видите кој седи до него, ќе видите кој е пуштен да ги скара луѓето до емиграција, и синоќа 10 саати сум се објаснувал со него, бидејќи тој дели правци кој треба како треба. На крај ќе ги скара сите Македонци и нема да  има ни протести. И на крај најбитното. Прво седи Груевски па Мицковски, тој човекот, па тука седи и четвртиот човек. Јас кога го прашав што е работава со тебе и со конгресот, тој вели дека не учествувал туку само бил гостин. Ако ги видите сликите во првите два реда, нема ни пет делегати. Е затоа конгресот е фингиран. И тој ми вика мене: „ти си расколник и треба да се сплотиш“. Со кого да се сплотам ? Извинете драг ми е Платон ама подрага ми е вистината, тоа е мисла на Аристотел“, потенцираше Петровски.

 

Петровски кажа и тоа дека Македонија се наоѓа во една опасна фаза да стане федерација и со тоа да се укине она што беше направено како држава во 1991 година, што е укинување на асномските тенденции да се формира држава на Македонскиот народ. Според Петровски тоа некој свесно го правел и на тоа македонскиот народ требало да се спротивстави со сè што му било на располагање.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи