Германија доби влада по пет месеци неизвесност

Facebook
Twitter
Email
Print

Христијанските демократи на германската канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) и централно-левичарските социјалдемократи (СПД) постигнаа договор за коалиција, со што заврши повеќе од четиримесечната политичка несигурност.

 

Конзервативната ЦДУ, сестринската Христијанска социјална унија (ЦСУ) со седиште во Баварија и СПД успеаја да ги надминат главните пречки за постигнување договор, по 24-часовни преговори.

 

„Договорот конечно е тука“, соопшти денеска СПД, додека политичарот од ЦСУ Александар Добриндт изјави: „мислам дека е време, имаме изгледи за нова влада во Германија. Затоа ова е добар ден.“

 

Според договорот СПД треба да контролира шест министерства, вклучително за финансии, надворешни работи. Министер за надцворешни работи ќе биде лидерот на СПД и поранешен претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц.

 

Договорот за коалиција сега мора да биде одобрен од страна на членовите на SPD, околу 450.000, на внатрепартиски референдум, кој според германските медиуми, најверојатно ќе се одржи за три недели.

 

Преговорите требаше да бидат завршени во неделата, но тие мораа да бидат продолжени до утрово поради некои спорни прашања. Меѓу нив биле работните договори и здравственото осигурување, а според извештаите од Берлин овие теми засега се делумно решени.

 

Сојузните избори во Германија се одржаа на 24 септември на кои победи коалицијата ЦДУ ЦСУ со 33 насто гласови, втора беше СДП со 20,5 насто. На изборите излегоа над 51 милион гласачи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи