Забивање на сезоната на Јанис Адетокумбо!

Facebook
Twitter
Email
Print

Лидерот на Милвоки, Јанис Адетокумбо ги врати навивачите години наназад, откако го пресоздаде во сопствена варијанта легендарното забивање на Винс Картер од Олимписките игри во Сиднеј. Тогаш можеби најголемиот забивач на сите времиња го прескокна Фредерик Вајс од Франција, а синоќа во „меката на кошарката“ во Њујорк, „Медисон Сквер Гарден“, грчкото крило на Бакс направи нешто слично, прелетувајќи над беспомошниот ривал од составот на домаќините – Тим Хардавеј Џуниор.

 

 

 

Овој цепелин  беше шлаг на тортата за Јанис, кој заврши со 23 поени, 11 скока, 6 асистнеции, 2 блока и 1 одземена топка при победата на својот тим со 103: 89.

 


 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи