Силен земјотрес го погоди Тајван, спасувачите во битка со времето во потрегата по преживеани

Facebook
Twitter
Email
Print

Во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер кој вчера го погоди Тајван, загинаа најмалку 4 лица, а екипите за спасување во градот Хуалијен трагаа во текот на ноќта низ рушевините по 145 исчезнати лица.

 

Земјотресот е регистриран во 23 часот и 50 минути по локално време (16 часот и 50 минути по централноевропско време), епицентарот бил на 21 километар североисточно од пристаништето во Хуалијен, на источниот брег на Тајван, и бил на мала длабочина од околу 9,4 километри под површината на земјата, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).

 

Над 200 луѓе се хоспитализирани, додека 140 се водат за исчезнати. Многумина од исчезнатите се верува дека сѐ уште се заглавени во зградите, од кои некои се нестабилни. Преку 800 лица се евакуирани поради последователните потреси.

 

 

„Се натпреваруваме со времето кое е пресудно сега. Се надевам дека брзо ќе го расчистиме теренот за да успеат екипите да ги спасат луѓето. Ова е најважната задача“, изјави Цај Инг-Вен, претседател на Тајван.

 

Во последниот месец, Тајван преживеа над 100 земјотреси. Островот се протега врз линија која поврзува две тектонски плочи така што е во категоријата на трусни подрачја.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи