Кинеската војска го претстави новиот невидлив авион J-20

Кина во борбена служба ја воведе новата генерација на невидливиот ловец „Ј-20“ со што се надева дека ќе го намали заостанувањето зад САД во овој сегмент од вооружените сили.

 

Кинескиот претседател Кси Џинпинг спроведува голема модернизација на кинеските оружени сили, кои се најголемите во светот и вклучуваат проектили за соборување сателити и напредни подморници.

 

Воздухопловните сили објавија дека новиот модел на авиони Ј-20 отсега ќе придонесува за заштита на државниот суверенитет, безбедност и територијален интегритет.

 

Авионот за првпат беше прикажан во јавноста кон крајот на 2016 година. Најмногу личи на американскиот ловец кој е невидлив за радари F-22, но прашање е дали навистина може да му конкурира. Инаку, Кина развива и невидлив ловец наречен Ј-31, кој треба да биде конкуренција за американскиот ловец F-35.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien